Oнлajн хуманитарна акција за Бигорскиот манастир
започна и онлине хуманитарна акција за Бигорскиот манастир. Трговски
центар, отвори продавница т.н www.bigorski.tc.mk
(http://www.bigorski.tc.mk/) за народот низ цела Македонија да донира
средства и сите заедно да помогнеме да се возобнови манастирот.
Посетете ја продавницата www.bigorski.tc.mk (http://www.bigorski.tc.mk)
и несебично донирајте за да го спасиме најдрагоценото од Македонија.
Македонска
Православна
Црковна Општина Свети
Никола Виена - Австрија
19.12.2008
СООПШТЕНИЕ
Почитувани
православни
Македонки и
Македонци во
име на нашата
Македонска
Православна
Црковна Општина
Св.Никола чест
ни е да ве информираме
за нашиот краток
успех што ние
како основачи
на нашата Македонска
Православна
Црковна Општина
Св.Никола успеавме
да се избориме
да во сите јавни
институции
како што се на
пример (Полиција,Магистраат
и .т.н.) каде што
треба да се
внеси и религијата
во личните
документи,од
сега пак и натаму
можите слободно
без никакви
пречки како
што некои поединци
ги имаа до сега
со овластените
во јавните
институции
во Австрија
да бидите внесени
како што и доликува
на еден религиозен
народ како
Македонски
Ортодокс,а
воедно можите
сите стари
документи што
ги поседувате
како на пример
(пријава во
полиција,венчаница,извод
на родени и.т.н.)
да ги преименувате
во Македонски
Ортодокс. За
поточни информации
и помош слободно
можите да се
обратите на
долу наведените
телефонски
броеви. Многу
од нашите верници
што нивните
деца по желба
на други без
никакво оправдување
и објаснување
кои се родени
во Австрија
заведени се
како на пример
(српски ортодокс,грчки
ортодокс,руски
ортодокс,и
други), а некои
се имаат пишано
по нивно барање
да стои само
Ортодокс или
без религија
за да не биди
било која од
горе наведените
религии во
нивните документи. За
секоја новост
што ќе произлези
во иднина од
нашата понатамошна
работа од страна
на нашата Македонска
Православна
Црковна општина
Св.Никола ќе
бидите навремено
информирани! Mакедонската
Православна
Црковна Општина
Св.Никола ви
го честита
празникот 19 ти
декември денот
на нашиот светец
Св.Никола,а
воедно ви ја
честита новата
2009 година и ви
посакува среќни
Православни
Божиќни
празници!